Не се купуваат ни стари ни нови коли

Bez autora
Aug 01 2011

Се засити ли пазарот од половни автомобили или беспарицата и годишните одмори се причина за застојот во продажбата? Но, не само за старите автомобили, туку драстично е намалена и побарувачката за нови возила, а за употребуваните коли речиси и нема интерес кај граѓаните. Така се жалат и импортерите и дилерите на половни возила, велејќи дека во јули замрела побарувачката. И едните и другите во изминатиот период ги намалија маржите, како и крајните цени само за да го спречат натамошното опаѓање на побарувачката, но без позначајни резултати. Лани ова време беше "топ". Имаше голем интерес и се продаваа многу возила. Годинава се чувствува застој, особено во текот на јули. Сите продажни плацови се преполни со стари возила, а нема купувачи. Изгледа дека пазарот се засити. Ако продолжи ваквата состојба, за кратко време ќе престанам со овој бизнис.

Не се купуваат ни стари ни нови колиСе засити ли пазарот од половни автомобили или беспарицата и годишните одмори се причина за застојот во продажбата?

Но, не само за старите автомобили, туку драстично е намалена и побарувачката за нови возила, а за употребуваните коли речиси и нема интерес кај граѓаните. Така се жалат и импортерите и дилерите на половни возила, велејќи дека во јули замрела побарувачката. И едните и другите во изминатиот период ги намалија маржите, како и крајните цени само за да го спречат натамошното опаѓање на побарувачката, но без позначајни резултати.

„Лани ова време беше ’топ‘. Имаше голем интерес и се продаваа многу возила. Годинава се чувствува застој, особено во текот на јули. Сите продажни плацови се преполни со стари возила, а нема купувачи. Изгледа дека пазарот се засити. Ако продолжи ваквата состојба, за кратко време ќе престанам со овој бизнис“, вели еден дилер на половни автомобили и додава дека во последниве месеци набавува возила од странство исклучиво по нарачка, а не како лани.

Потврдува дека и покрај тоа што повеќето дилери ги намалија цените, нема навалица за стари возила како порано. Најбарана марка лани беше ’опел- корса‘ (од ’98 или ’99 година) и чинеше околу 3.000 евра, а во последно време се продава по 2.500 евра. ’Голф 4‘, пак, чија цена минатата година беше и до 5.500 евра, падна на 4.500 евра.

Истовремено, речиси и сите импортери се жалат на намалена побарувачка за повеќе од 20 отсто на новите коли, притоа не посочувајќи ги точните бројки на продадени автомобили во изминативе месеци. Велат дека како и досега, така и во иднина ќе имаат кампањи и попусти на цените за одредени модели на возила, во зависност од однесувањето на конкуренцијата на пазарот. Од „Автомакедонија“ велат дека имаат стагнација во продажбата во споредба со лани, како и со годината претходно. „Се чувствува голем пад во побарувачката. Само во јануари годинава имавме благ пораст и толку“, посочуваат одговорните во оваа компанија.

Од „Аутомобиле Ск“, исто така, велат дека им е намалена продажбата и нагласуваат дека веќе имаат сезонски намалувања на цените на одредени марки, а и во иднина ќе продолжат со тоа, пред се', поради драстичното опаѓање на продажбата, но дека нема простор за некакви позначајни попусти.

Продажбата на нови коли значително се намали откако лани во март Владата направи законски измени со кои ги намали акцизите за увезени половни возила. Лани сите навалија на старите возила, бидејќи можеше да се купи добар автомобил за неколку илјади евра. Дополнително, од 1 јануари годинава падна на еден отсто царината за увоз на возила од ЕУ. Токму затоа во текот на минатата година нагло порасна побарувачката за половни автомобили. Но, во првите шест месеци од годинава се почувствува застој и кај продажбата на овие возила.

Податоците од Царина го потврдуваат тоа. Од почетокот на јануари до крајот на мај годинава се увезени 3.214 нови возила, а 16.964 стари. Во цела 2010 година, пак, увезени се 51.399 половни автомобили и 7.183 нови. Во 2009 година биле увезени дури 10.574 нови возила, што значи дека продажбата на нови автомобили сега е за 30 отсто помала од онаа од пред две години.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik